Полесно читање долги текстови од веб сајтови со VovSoft Read Mode

Одредена група корисници наидуваат на предизвик кога сакаат да читаат подолги текстови на различни веб сајтови. Имено, или им пречат бројните бои, или фонтот е исклучително мал или пак текстот е затрупан во лавиринт од видеа, слики и наметливи реклами.

Vovsoft Read Mode е апликација за вашиот компјутер и е замислена да ги отстрани сите непотребни работи и да ги го презентира само текстот. Со алатката буквално чистите се што е непотребно , а текстот се прикажува во еден од три режими: мрачен, светол или сепиа режим.

Вака прочистениот текст можете да го испечатите, да наместите да ви се чита или пак да се сочува во WAV формат. Третата опција особено се препорачува доколку сакате бројните текстови да ги преточите во аудио форма и да ги слушате во движење.

Сите документи кои ќе бидат процесирани преку алатката можат да бидат прикажани на целиот екран. Преку опцијата Read Mode можете да наместите текстот да биде во големина која се прилагодува на големината на вашиот екран – нешто што е корисно за лица кои имаат потешкотии при читањето и бараат сервирање на фонт со повисока големина. Подразбирливо, можете да ја менувате големината и стилот на фонтот.

Vovsoft Read Mode има и пробна и платежна верзија. Пробната верзија ви дозволува да го прочистите сајтот и ви го сервира текстот, додека за еднократна цена од 15 долари, програмот нема да ви прикажува реклами и ќе ви дозволи да го користите за комерцијални цели.

Проверете ја алатката тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments