Alt-Tab е одлична алатка која е едноставна онолку колку и што е корисна. Во ситуации кога имате отворено бројни прозорци, комбинацијата од овие две копчиња од вашата тастатура знае значително да го олесни прелистувањето на активните процеси.
Во случај да барате понапредна верзија, Alt-Tab Terminator ја заменува основната примена со развиена алтернатива која ви прикажува уредна листа од сите процеси кои се моментно покренати и ви дозволува да скокнете до некој од нив или пак да ги затворите, односно прекинете. Управувањето е можно со вашата тастатура или глувче, а имате целосна слобода за дополнителни прилагодувања како кое копче која функција да ја имплементира, и слично. На располагање имате и неколку изгледи, како и изборни модови за прикажување на целиот екран или во компактна форма. За да знаете кои акции можете да ги примените, потребно е да одите со десен клик на некој од прикажаните процеси.








