Интернетот не може да престане да шпекулира дека најновиот iPhone ќе биде презентиран за само неколку недели, во септември. Деветти септември е најверојатниот ден кога Apple ќе го претстави новиот модел на култниот телефон, кој овојпат ќе има голем екран. Но, можно е Apple да претстави два модели, ако им верувате на гласините.
Една од најчесто спомнуваните шпекулации е дека Apple оваа серија ќе претстави два телефони. Првиот би претставувал продолжение на досегашните модели, со разлика што новиот телефон ќе има поголем 4,7 инчен екран. Втората верзија на iPhone би бил со огромен 5,5-инчен телефон, што е малку неверојатно бидејќи Apple веќе долго време тврди дека не им е потребен на корисниците. Иако до официјалната објава останува прашање дали ќе го ја видиме поголемата верзија на iPhone, речиси е извесно дека Apple го завршува експериментот со „евтините“ iPhone C телефони.
За заштита на телефоните Apple овојпат се одлучи за Sapphire Glass кое ќе го прекрива дисплејот, а ќе ја зголеми отпорноста на телефонот и гребанице, и ќе ја намали опасноста од кршење. Што се однесува до изработката, новиот модел повторно ќе доаѓа со метална позадина со пластични делови додадени за поминување на бежичен сигнал. Иако засега останува непознато дали станува збор за конечен изглед на телефонот.
Хардверот на новиот iPhone можеби ќе доаѓа со нов А8 чип кој ќе биде надградба на првиот 64-битен процесор за iPhone 5S, иако можеби Apple ќе излезе со модифициран А7 кој би бил поштедлив кога е енергијата е во прашање. Веројатно е и дека iPhone ќе доаѓа со повеќе RAM меморија, веројатно 2 GB, пред се бидејќи анализите покажуваат дека корисниците полесно ќе го искористат мемориското, отколку ограничувањето на А7 процесорот. Една од работите кои мора да се променат на новиот телефон ќе бидат апликациите кои барем до сега во мал број целосно ја користеа моќта на 64-битниот процесор.
Една од работите кои Apple ќе се обиде да ги подобри со новиот iPhone е и читачот на отпечатоци пред се бидејќи компанијата се надева дека во иднина парични трансакции би можеле да се прават токму со отклучување на телефонот со отпечаток. Според Ars Technica, постои можност Apple заедно со iOS 8 да им овозможи на девелоперите пристап до сензорот.
Телефонот ќе доаѓа со iOS 8 кој Apple го најави на почетокот на јуни. Новитет ќе биде можност за користење на тастатура која не доаѓа од Apple, и подобрена QuickType функција која не само што пребарува зборови, туку истовремено и прави разлика со кого разговарата, па според тоа и ги прави предлозите. Continuity пак ќе им овозможи на корисниците веднаш да се префрлат од еден уред на друг, пораките на Mac можат да се довршат на телефонот или iPad и обратно. Apple со iOS 8 го најави и HealthKit како единствено место каде ќе се собираат сите податоци од фитнес и медицинските апликации. Конечно корисниците ќе можат да ја користат Siri без постојано да чепкаа телефонот благодариение на „Hey Siri“.
Засега е непознато дали Apple веќе го има во предвид паметниот часовник и дали веќе осмислил интеграција со него. Изгледа дека нема да мора долго да чекаме да видиме кој од ове шпекулации се точни, со оглед на тоа дека 9 септември е оддалечен единствено еден месец.
[youtube]7hDGRqZTaIY[/youtube]








