Bлагодарение на двајца ентузујати и 3д принтер, малиот Лиам Дипенар со вродена ABS маана сега може да ги користи двете раце кога си игра со топка или да држи предмети во десната рака, јавува NBC News. Oва покажува дека се поголемата примена на 3Д принтерите ќе го направат животот на луѓето во иднина многу поудобен, па и научно-фантастичен.
Иван Овен и Ричард Ван се креатори на Robohand, уред кој луѓето со повреда на прстите можат да го употребуваат за да си го подобрат квалитетот на животот. Проектот започна кога г. Ван, по несреќа при сечење на дрва, не успеал да најде протеза за прстите кои ги загубил. Поради ова тој реши сам да изработи сет на функционални прсти. Пребарувајќи на интернет за слични проекти со надеж дека ќе ги реши механичките проблеми со кои се соочувал, се сретнал со Иван Овен кој исто така работи на вештачка рака.
[youtube]kB53-D_N8Uc[/youtube]
„Се обидуваме да изнајдеме начин како да ја донесеме протезата до што е можно повеќе луѓе. Се надеваме дека ова ќе инспирира и други луѓе да ја искористат технологијата, да решат други слични проблеми. Дефинитивно постои потреба.“, вели г.Овен.
[youtube]cyC6_LY7oq0[/youtube]
MakerBot, a ne Market Bot!
Меј Д форс би вит ју, јанг Лук Скајвокер!