0 коментари 2 мин. читање 2 септември, 2016

Погледнете го првиот трејлер на Џон Вардар против Галаксијата

Цртаниот филм на македонското студио Lynx Animation, Џон Вардар против Галаксијата го доби и првиот трејлер. Ексклузивна можност да го сподели видеото имаат Cartoon Brew.

„Замислено е филмот да биде најсмешната всeленска-опера на сите времиња. Фамилијарен филм кој ги следи авантурите на Џон Вардар. Џон Вардар е киднапиран од вонземјани, но некако завршува со најмоќното оружје во вселената. Оружје кое на Џон му овозможува сѐ што ќе замисли да постане реалност“.

Филмот е дело на Гоце Цветановски кој е режисер и сценарист; Михајло Димитриевски – Тхе Мичо,  уметнички директор; и Бенџамин Хотон, директор на анимација. Џон Вардар против Галаксијата е најавен за Божиќните празници 2019, а во моментот студиото работи на обезбедување на финансии за завршување на проектот.

Lynx Animation работи и на куп други проекти, еден од нив е видеоигра која ќе ги следи настаните од филмот; но и куп Android и iOS игри.

 

johnvardar_poster

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top