Зависноста од Интернет е најголема опасност за тинејџерите во Кина, велат властите. Со цел да се „изборат“ со овој проблем тие креираа центар за одвикнување од зависности, иако барем од тоа што може да го видиме во видеото China Web Junkies на New York Times, центарот е далеку поблизок до војнички камп отколку медицинска установа.
„Нашата студија покажува дека лицата кои поминуват повеќе од шест часа на Интернет за нешто различно од работа или учење најверојатно ќе станат зависници од Интернет“
Од тоа што може да го видиме на видеото речиси сите деца таму се донесени со сила или беа измамени кога доаѓаа, што можеби и не е изненадување со оглед дека станува збор за зависности, но тешко веројатно е дека овие постапки ќе помогнат во градењето на доверба со родителите. Можеби уште поважно е што барем засега нема доказ дека комбинацијата на лекови, војнички живот и психолошки прегледи воопштп функционира. Се чини дека е добра идеја што во процесот на заздравување се вклучени и родителите, па можеби ќе можат да се посветат околу осаменоста на нивните деца која е посочена како главен виновник за зависноста.
Видеото е дел од подолг серијал продуциран од независни куќи кои имаат подршка од Sundance Institute.