0 коментари 2 мин. читање 15 март, 2013

Северна Кореа ги обвини САД за најновите сајбер напади

Северна Кореја ги обвинува САД и Јужна Кореа за сајбер напади врз нивните интернет сервери. Нападнати се неколку владини страни KCNA, Air Koryo и страната на партискиот весник Rodong Sinmun. „Не е тајна дека САД и Јужна Кореа и режимот во овие држави масовно инвестираат во сајбер војска со обид за интензивирање на сбверзивни активноси и саботажи против Северна Кореја“, пренесува владината KCNA.

Тензијата помеѓу Јужна Кореа и САД од едната и Северна Кореа од другата страна, расте како последица на третата нуклеарна проба која ја изврши Северна Кореа, но и на заедничките воена демонстрации на САД и сојузниците. Ова е една од ретките ситуации кога обвинувањата се во овој правец бидејќи главно Северна Кореа се сомничи за сајбер напади. Јужнокорејците ги обвинуваат северните соседи дека нивната воена инфраструктура е постоја цел на напади, а според  нивно убедување Северна Кореа најмалку еднаш ја пробиле заштитата на министерството за одбрана на Сеул.

Обвинувањата доаѓаат еден ден по заложбата на американскиот претседател Обама за поблиска соработка со Кина за зголемување на сајбер безбедноста и меѓусебниот договор за почести и директни средби за намалување на опасноста.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top