{mosimage} Новите правила за приватност на Facebook ќе овозможат да одбирате индивидуално кој може да ви ги чита пораките или гледа сликите на профилот. За да биде искуството на корисниците подобро за таа цел алатките за приватност се поедноставени, вели Крис Кели, одговорниот од приватноста на Facebook.
„Во изминатите 5 години, Facebook научи дека ефективната приватност е заснована на 3 основни принципи:
- Контрола. Кога луѓето лесно ја контролираат публиката, тие споделуваат повеќе и комуницираат подобро со луѓето кои им се важни.
- Едноставност. Кога алатките се едноставни, луѓето почесто ќе ги користат и ќе ги разбираат.
- Поврзување. Со ефективни алатки, луѓето можат да си ги избалансираат желбите за контролиран пристап до информации кои тие сакаат да ги откријат или повржат. “ пишува на блогот на Facebook.
При преставувањето на новата приватност, преставниците на Facebook се изјасниле дека „сакаат корисниците да објавуваат повеќе јавни податоци“, пишува ReadWriteWeb. Идејата со новата приватност е дека Facebook корисникот ќе биде посамоуверен во објавување на информации бидејќи има контрола над нивото споделување. Имајќи ја таа контрола, корисникот ќе биде поопуштен и ќе споделува повеќе информации.
{mosimage}
Една од опциите за приватност е споделувањето со сите, односно со „Everybody". Таа опција може да се прошири, не само да ги опфаќа сите на Facebook, туку сите на интернет. Тие информаци кои се постирани на профилот и обележани со „Everybody" опцијата можат да се појават на Google и другите пребарувачи. Ова досега не беше можно. За да видите инфо од некој Facebook корисник е потребно да имате профил на Facebook и да сте „пријатели“ со другиот корисник.
Овие нови алатки за приватност се уште се во бета фаза и се тестираат, но ќе бидат офецијално достапни во текот на наредната недела.
Друга промена на Facebook која беше најавена е целосно остранувањето на регионалните групи од мрежата, бидејќи кога се регистрирате на Facebook вие со внесување на местото/државата каде живеете по default станувате член на регионалните групи. Со тоа другите кои припаѓаат на вашата регионална група имаат пристап до вашите информации.






