Подобрениот Nokia Lumia 525 ќе ја задржи цената на популарниот претходник Lumia 520

во Мобилни

Финскиот гигант Nokia го најави Lumia 525, телефон кој треба да биде наследник на најдобро продаваниот Windows Phone телефон Lumia 520, кој во моментов држи 26,5 отсто од WP пазарот. Новиот телефон има 1 GB RAM за разлика од претходните 512 МВ, а надграден е и процесорот на Qualcomm Snapdragon на 1 GHz. Остатокот од телефонот е речиси идентичен 4-инчен WVGA дисплеј и 5 МР камера. Nokia Lumia 525 доаѓа со 8 GB слободен простор и слот за microSD со која се проширува за 64 GB.

Според најавата и покрај подобриот хардвер, телефонот ќе ја задржи својата цена од околу 200 долари, или околу 11.000 денари во Македонија за само телефон, што е прилично разумна цена за солиден телефон. Засега е познато дека првично уредот ќе биде достапен во Сингапур на 14 декември, а ако е идентично лансирањето тогаш ќе следи Азија, Блискиот Исток и Африка, пред телефонот да дојде во Европа и САД.

[youtube]3pv7ijWuY8E[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments