1 коментар 1 мин. читање

OК Google, најди гласовно пребарување преку Chrome

Нова Chrome екстензија од Google овозможува гласовно пребарување преку прелистувачот, наместо да се куцаат термините. Со Voice Search Hotword за Google Chrome секојпат кога корисниците ќе пристапат на страната, наместо да пребаруваат со пишување, доколку имаат микрофон, можат да дадат гласовна команда Ok Google која потоа овозможува внесувањето да биде гласовно.

Промотивниот пост на Google+ ја препорачува екстензијата како идеална додека готвите за празниците па рацете ви презафатени за пребарување. Оваа година наместо запирање во подготвувањето на храната за да ги измиете рацете и да пребарате по интернет рецепти, замена за некој продукт или да ја прилагодите количината на некоја од состојките. Слични опции се достапни на Motorola Droid, Moto X и Nexus 5.

[youtube]oNBBijn4JuY[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top