Goggles е апликација за iPhone и Android која ја користи камерата/фото апаратот на мобилниот телефон да го „прочита“ надворешниот свет и да ги пребара тие зборови преку Google пребарувачот. Пример, Goggles може да прочита слики од печатени магазини и да направи интернет пребарување за сликата, што во принцип ја продолжува информацијата. Тоа што може да се види на хартија, со Goggles се претвара во уште повеќе информации и детали, давајќи комплетно нов контекст на содржината.
Исто важи и за баркодовите. Со Goggles може да скенирате и прочитате баркод на продукт во продавница и да добиете резултати на интернет продавници каде се нуди тој продукт за да може да се спореди цената.
За крај, една од поинтересните новини на Goggles е можноста да реши Судоку, игра со наоѓање на бројки.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.