Викендов во Охрид ќе се одржи Codefest девелопериски маратон. Настанот започнува веќе во петок со регистрација, отворање и говори. Освен можноста нешто да се научи и да се освојат награди на натпреварот, учесниците можат секако да се дружат и да ги разгледаат убавините на Охрид. Сепак пред почетокот на маратонот се одржува Codeference конференцијата.
Еве кои говорници го отвораат маратонот, и насловите на нивните говори:
- Жарко Димитријоски – Здраво, мене ли ме барате?
- Албан Османи – Можностите се насекаде
- Оливер Пуг – Основи на е-трговија
- Нина Николиќ – Претприемништвото е состојба на умот
- Самуел Кенеди – Зошто креирањето на софтвер е важно
- Кристијан Ац – Подготовки за неочекувана слава
- Весна Ивановска – Што му недостасува на вашиот талент
- Мери Џо – To App or not to Ap
- Макс Гурвиц – Креирање на глобално релевантни стартапи од Југоисточна Европа
- Џилијан Мусиг и Ен Ф. Кенеди – CEO тренер
- Саманта Вулвен – Стартап, пронаоѓање на сопствената вистинска вредност
- Марис При – Разбирање наумот на иноваторот
Повеќе за говорниците тука.
Што се однесува до маратонот за кодирање тој е поделен во неколку категории:
- Codefest Marathon Junior – за учесници помлади од 16 години
- Codefest Marathon Student – за средношколци постари од 17 години и студенти
- Codefest Marathon Pro – за професиналци, фриленсери, вработени во технилки компании и слично
Досега на маратонот поминале над 700 учесници, завршени се 165 проекти, поминале 52 различни партнери, а учесниците на натпреварот доаѓаат од 20 држави.
За повеќе податоци посетете ја страницатa на Codefest.