Спонзориран текст

Подемот на дата како дисциплина – објаснето од експертите на Ендава

Спонзорирано од Endava

во Софтвер, Спонзорирани

Како компанија што се стреми кон редефинирање на врската меѓу луѓето и технологијата, Ендава секогаш се залага за наоѓање на најоптималните решенија за она што се бара на пазарот и од самите клиенти. Затоа како најнова, во Ендава во Скопје се воведе и дата дисциплината, која благодарение на различните позиции што ги вклучува (дата научници, дата аналитичари и дата инженери), придонесе за успехот на многу проекти.

Неодамна, како дел од настанот наречен „Data Days” кој е дел од дисциплинските недели кои Ендава ги организира за своите вработени, се одржа панел дискусија со експерти од дата дисциплината кои ги споделија своите искуства со над 150 учесници. Темата на оваа панел дискусија беше „Дата светот од моја перспектива“, а панелистите беа:

  • Бојан Сапунов, сениор дата консултант од Скопје,
  • Јуре Бевч, сениор дата научник од Љубљана и
  • Оливера Хаџиќ Борисављевиќ, сениор дата аналитичар од Белград,
  • Модератор на дискусијата беше Дејан Цветковски, дата консултант од Скопје.

Прочитајте повеќе за заклучоците од оваа панел дискусија.

Зошто е важно да се има дата дисциплина?

На сите ни е јасно колку е датата важна на глобално ниво, но ајде да се фокусираме на Јадранскиот регион. Клиентите почнаа да ја согледуваат важноста на оваа дисциплина и сакаат нивниот бизнис да биде „data-driven“. Затоа оваа дисциплина порасна многу во последниов период, но и продолжува забрзано да расте. Исто така важно е да направиме разлика меѓу сите позиции во дисциплината и какви бенефити носат истите кога ја гледаме поголемата цел.

Бојан Сапунов

На тема позиции во дата дисциплината, кои се разликите меѓу нив?

Има некои заеднички нишки и делови кадешто улогите се поклопуваат, посебно кога се работи на помали проекти. На пример, дата научник може да работи задачи поврзани со дата инженерство, но за поголемите проекти овие улоги се јасно дефинирани, а задачите се извршуваат со соработка меѓу различните позиции. Од друга страна, дата инженерите понекогаш имаат слични одговорности како дата аналитичарите, но како што оваа област на експертиза расте, така и позициите стануваат сѐ подефинирани. Можеби сите потекнуваат од истата „изворна“ улога, но сега еволуираат посебно, и може многу да се научи кога се работи во тим. Разликите најмногу се гледаат во работата со различни техники и алатки.

Кои вештини се неопходни за кариера во дата дисциплината?

Најважната вештина би била „data-driven“ начин на размислување, да се има свесност што претставуваат податоците и како да се користат во наша корист. Python е исто така неопходен јазик бидејќи се користи на сите позиции. Задолжително е и аналитичко размислување, кое заедно со природната љубопитност и доброто познавање на математика и статистика, се одличен спој на корисни вештини за оваа дисциплина.

Според вас, како ќе еволуираат различните позиции во иднина?

Алатките и процесите што се користат при различни проекти во оваа дисциплина ќе придонесат за одредени промени во самите позиции – во насока на спојување, унапредување па и алоцирање на обврските во различни правци, но она што можеме со сигурност да го кажеме е дека иднината е во автоматизацијата, која сигурно ќе олесни голем дел од процесите.

Каков совет имате за оние што сакаат да започнат кариера во оваа област?

Секој што сака да почне кариера во дата треба да биде подготвен да соработува со клиенти и да вложи време во изучување и разбирање на нивниот бизнис модел. Исто така потребно е да се имаат аналитички и комуникациски вештини, бидејќи важен дел од работата е да се најде заеднички јазик со клиентите. Од технички аспект, Python е задолжителен јазик, па во таа насока препорачуваме работење на некои реални проекти или посетување на курсеви. За крај, важни се и способностите за визуелизација.

Доколку сте заинтересирани да се придружите на дата дисциплината во Ендава, разгледајте го вебсајтот, најдете ја позицијата што е најсоодветна за вас и аплицирајте: https://bit.ly/3AHiKd5, или директно контактирајте го нашиот регрутмент тим на [email protected]

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Endava. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

C++ Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk