Почина Стив Џобс

во Свет

„Биди чекор понапред во квалитетот. Некои луѓе не се навикнати нa околина во која се очекува совршеноста.“ – Стив Џобс.

Легендарниот директор на Apple, Стив Џобс почина во својот дом на 56 години. Светот ќе го жали револуционерниот гениј кој го направи тоа што многумина се обидуваат – го промени светот на елегантен и нему-својствен начин. За тоа, благодариме г. Џобс.

Стив Џобс, заедно со Стив Возниак , го основа Apple во 1976-та година. Тогаш дваесет и едно годишните основачи го претставија Apple II кој е еден од тие компјутери кои ја започнуваат револуцијата на „персонални сметачи“. Apple многу бргу станува сериозна компанија која во 1984-та година го претставуа Macintosh со ова неверојатна и храбра реклама. Но водена од интересите на инвеститорите, бордот на директори го брка Стив Џобс, тогаш 30-години, надвор од компанијата заради радикалните идеи и однесување.

Во 1985-та тој со колеги од Apple го основа NEXT, претставува одлични машини и софтвер, но премногу скапи за да станат конкурентни. Во 1986-та г. Џобс ја купува The Graphics Group, оделот за графички дизајн на Lucasfilm. Ја преименува во Pixar и во 1995-та со првиот дел од Toy Story прави револуција во анимираните филмови. Подоцна Apple во 1996-та ја купува NEXT поради одличниот софтвер. Стив Џобс се враќа во Apple, поставен е како привремен извршен директор, за во 2000-та да застане цврсто на чело на компанијата. Во следниве десет години следи револуција на начинот на како конзумираме музика со iTunes и iPod, револуција на начинот на како комуницираме и за што ги користиме мобилните телефони со iPhone, и можеби комплетен редизајн на персоналниот компјутер со iPad.

„Сите ние одбравме што да правиме со нашите животи. И треба да бидат проклето добри. Треба да вредат.“ – Стив Џобс.

Подолу е видео од неговиот инспиративен говор „Останете гладни, останете будалести“ на Универзитетот Стенфорд во 2005 година. A следат и видеа од првото претставување на iPhone и iPad.

„Да се биде најбогатиот човек во гробиштата не значи ништо за мене… Да си легнуваш навечер велејќи дека си направил нешто прекрасно… тоа ми е важно.“ – Стив Џобс.

„Клик. Бум. Прекрасно.“ – Стив Џобс.

Почивај во мир, Стив Џос.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајанчо
Трајанчо
14 years ago

ако ова е елегантно променет свет…

Marko
Marko
14 years ago

I m so sad…

apple fun
apple fun
14 years ago

RIP

tome
tome
14 years ago

iSad

види ги сите огласи на kariera.it.mk