10 коментари 2 мин. читање

Почина Денис Ричи, таткото на UNIX и програмскиот јазик C

Денис Ричи, таткото на C и еден од креаторите на оперативниот систем UNIX, почина во неговиот дом после подолго боледување. Денис Ричи e еден од најодговорните личности за револуцијата во информатичката технологија, бидејќи C е во сржта на секој програмски јазик, и голем број на модерни технологии зависат од тоа што тој го има креирано.

Денис Ричи заедно со неговиот колега Кен Томсон, кој го има напишано програмскиот јазик B, работеле заедно за да развијат поефикасен оперативен систем за тогашните нови мини компјутери. Крајниот резултат го добиле во 1971 година во форма на оперативниот систем UNIX. Овој оперативен систем, покрај тоа што е основата за Linux и го има започнато движењето за слободен софтвер, има воспоставено многу принципи за софтверско инжинерство кои важат до ден денес.

Денис Ричи поголемиот дел од својот живот го има поминато во команијата Бел Лабс, каде покрај работата на UNIX, таму го развил и програмскиот јазик C. Во тоа време многу се експериментирало со хардверите, па софтверските програмери морале да ги лимитираат своите програми да работат на еден уред, или да потрошат многу време да ги напишат одново за да можат да работат на друга платформа. Програмскиот јазик C овозможил програмите лесно да се префрлат од еден хардвер на друг. Томсон и Ричи во 1973 година го напишале UNIX во C.

Денис Ричи може слободно да се каже дека е директно одговорен за постоењето на Linux, Android, Mac OS, iOS, JavaScript, C++, и многу други откритија значајни за развојот на информатичката технологија. Наследството кое Денис Ричи кое го има оставено зад себе може да се рамни со она на Стив Џобс, ако не и да го надмине.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

10 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top