Како еден од поголемите ИТ конференции во регионов, Webit 2012 беше привлечен настан за посетители од над 72 земји, но и за бројни стартапи и претприемачи со кул идеи во надеж дека таму ќе го најдат својот ангел-инвеститор и успех кој ќе ги направи вистинска компанија со милиони долари профит. Советите од бројните предавања кои се повторуваа беа „бидите брзи“, „бидите итри“, па дури и ако треба потплатете ги пријателите со вечери да ја рангираат вашата апликација меѓу најдобрите, „таргетирајте пазари кои не се заситени, во кои нема куп инвестиции“ и, секогаш, секогаш имајте добра анализа на тоа што сакате да го направите, бидејќи статистиките и идните проекции ќе помогнат да сфатите каде ве води вашата идеја и ќе ги убедат инвеститорите да инвестираат во вас.
Таа итрина и снаодливост да реализираш уникатна идеја во право време вистински се истакна на Webit 2012 Startup Challenge. На овој натпревар беа презентирани идеи кои беа уникатни и успешни во своето поле, а победничките се истакнуваа од финалистите само поради подобрата реализација и план за понатамошен развој.
Победничката MySugr е апликација за диебетичари. Идејата зад апликација, објаснува Фредерин Дебунг, е да им се помогне на 55-те милиони дијабетичари во Европа, или 365-те милиони ширум светот (што е 5 отсто од севкупната популација). Апликацијата е потсетник за обрвските, како на пример колку инсулин им треба според тоа што јаделе, колку вежбале и други обврски кои им се наметнати според начинот на живот кој дијабетичарите мора да го водат за да останат здрави. Апликацијата користи „гејмификација“ и друштвени мрежи за да го направи белчежењето на обврските позабавно. MySugr беше фаворит кај публиката поради добрата презентација, и кај жирито бидејќи го таргетира медицинскиот пазар кој сè уште е неистражен од мобилните апликации, а нуди огромен потенцијал како за равој на сервисите, така и за профит на инвеститорите. Aпликацијата користи freemium модел, односно е бесплатна, но наплаќа 4 евра месечо за премиум функционалност. Стартапот чека одобрување од американски агенции за храна и лекови за да влезе на тој пазар, а тоа што беше напоменато е што инвестиција во стартапот може да помогне да се таргетираат и индустриски партнери со што ќе се зголеми пазарот и профитот. Можеби победата на овој натпревар ќе им го донесе токму тоа.
[youtube]20GFzQHkfYU[/youtube]
[youtube]2b4Sx92ZrQE[/youtube]
Покрај првите три места, признание пред сите останати стартапи му беше додадено и на Nevahold.com од Гана. Се работи за сервис кој помага при комуникација со техничката поддршка или било каква поддршка од компанија која продава услуга или продукт, преку користење на друштвените мрежи, поточно Twitter и Facebook. Идејата е корисниците да ја користат масата да извршат притисок врз компаниите да обезбедат подобра и временска корисничка поддршка.
[youtube]Exuvf_27fDk[/youtube]
- Fromees.com е најуникатниот од сите други бидејќи се обидува да го спои онлајн присутството до офлајн светот. Се работи за физички беџови на кои може да се додаде било каков код, пример линк до Facebook страна. Тие беџови се даваат на други кориснции кои ги скенираат, ја посетуваат страната и го продолжуваат патот на беџот од една рака на друга ширум светот. Идејата е интересна, но нејасно е како ќе се искористи практично и зошто би споделувале беџови.
- G&Life е италијански стартап за лична генетика и анализа на ДНК. Овој стартап, во кој веќе се инвестирани 1,4 милиони долари, иако имаше супер презентација во која претстави тим од врни експерти кои му помагаат на стартапот да се пробие на медицинскот пазар, сепак имаше маана во тоа што бараше физички контакт со корисниците за да се земе плунка која подоцна ќе се анализира. По анализата, корисниците ќе користата веб сервис со совети за како да си го подобрат здравјето со подобра исхрана и физичка активност. Стартапот не победи, но има добра иднина бидејќи може да се користи од различни медицински институции или индивидуални доктори за да го подобрат здравјето на луѓето. G&Life таргетира пазар од 5 милиони долари до 2015-та година (според статистика од Италија и Германија).
- Финскиот Tellyo сака да го олесни споделувањето на видео клипови преку друштвени мрежи во реално време, односно да споделите клип од шоуто или натпреварот кој го гледате во живо. Сервисот е во бета, ќе биде бесплатен, но ќе има партнерска програма. Веќе има договорено пилот сервис со финска телевизија.
- За хрватскиот MediaToolKit веќе пишувавме подетално. Се работи за алатка кој ќе им олесни на компаниите, медиумите и индидуалните корисници да најдат популарна содржина од друштвените мрежи и да бидат први во споделувањето на вести, или пак да ги шпионираат конкурентите. Сервисот ја анализира содржината и ја рангира според корисничката интеракција. Interaktivni Studio, компанијата зад алатката, цели на пазар кој вреди 5 милиони долари.
- D-sight е сервис кој помага при донесување на одлуки со анализа на разни фактори. Анализата би требало да го намали времето кое се троши на избирање на одлуките, подобра анализа и подобра соработка за да се дојде до практично решение. Стартапот е стартуван во 2010-та година и веќе има 60 клиенти од 27 земји.
- Рускиот Autospire e сервис кој е наменет за сопствениците на автомобили да комуницираат полесно меѓу себе за да разменат искуство за услуги како осигурување на автомобилот. Ќе има персонализирана содржина, попусти и други алатки кои ќе го олеснат комуницирањето меѓу автомобилските сервиси и возачите. Ќе биде бесплатен, но сервисот ќе зема пари од онлајн трансакции.
- Madfoo3atCom е електронски сервис за плаќање на сметки од Јордан. Идејата зад сервисот е да обезбеди полесно плаќање на месечните сметки преку бенките, бидејќи, како што вели Насер Салех, луѓето на Средниот Исток повеќе им веруваат на банките, отколку на кредитните картички. Центразилираниот сервис веќе има 500.000 долари инвестиција и договор со бројни банки во Јордан. Креиран е според сличен сервис Sadid од Саудиска Арабија кој се користи од 95% од тамошната популација.
- Appscend е платформа за креирање на мобилни апликации која нуди тестирање во реално време, аналитика за користењето на апликацијата, монетазација и опција за „white label”. Платформата веќе има 500.000 корисници, соработка со 20.000 компании и има креирано над 10.000 мобилни апликации.
- Subscrea е платформа за креирање на сајтови за е-трговија со веќе интегриран систем за плаќање и претплата. Креирањето на сајтови е лесно, без потреба од знаење како да се кодира. Стартапот прави пари со месечна претплата од 30 долари и таргетира пазар од 5 милиони долари. Според нив, можеби за е-трговијата се дели само 9 отсто од сите продажби, но се работи за тренд кој е во пораст.
- Gnergy е бугарски стартап кој обезбедува решенија за згради за подобро користење на електрична енергија (и заштедување пари). Софтверот нуди препораки за „зелени згради“ кои се според стандардите на Европската Унија, и таргетира пазар од 5,3 милијарди кубни метри до 2020-та само во Европа. Веќе работат на пилот проекти во Бугарија и Велика Британија.
- Tickera е сервис за презентирање на настан и продавање на карти. Интересно, презентацијата на сервисот беше неверојатна кратка, па освен сајтот немаше што многу да се дознае за сервисот.
- iMagga е сервис кој помага при организирање на фотографии/слики. До сега iMagga преку своето API и двата сервиси, cropp.me и autotag.me, процесираше 12 милиони слики. Целта на стартапот е да развие „core“ технологија, односно платформа преку која ќе се креираат апликации. Веќе има добиено 170.000 долари, од кои 80.000 се потрошени за развој на технологија. Планира да прави пари од freemium модели за користење на API-то.
- Work in Field е бизнис-2-бизнис сервис за следење на своите вработени. Пример, може да се следи испорачката на пица во реално време, и освен што може да се даде информација на корисникот, бизнисот може и подобро да го следи потрошеното време на вработениот, преку GPS, како и потрошените ресурси (трошок за гориво за пицерија). Наменет е за мали бизниси на кои ќе им понуди freemium модели. Веќе има инвестиција од над 270.000 долари.
- CircleMe e друштвена мрежа креирана од луѓе со искуство во Google која се базира на интересите на корисниците. Наместо да се споделуваат секакви информации, корисниците добиваат информации само за тоа што нив ги интересира, но и да откриваат содржина преку локација и „подметнување“ на геолокациска содржина.
- Чешкиот BellaDati е сервис кој обезбедува визуализација на податоците за анализа за бизнисите. Наместо бизнисите да се губат во бројки, овој стартап им креира визуелни и интерактивни инфографици кои можат да се модифицираат во движење. Тие визуелни анализи можат да се вметнат во сајтови, презентации и документи. Сервисот има потенцијал да прерасне во друштвена мрежа за бизнис аналитика, но прашање е кои бизниси би сакале да споделуваат со други свои внатрешни анализи за бизнисот. Може да биде веб базиран или да се симне.
- Tурскиот Dekoreko е стартап со импресивна приказна. Стартуван од две сестри во 2011-та година, сервисот продава декоративни домашни работи со специјални попусти. Веќе има 10 вработени, 250.000 корисници, 2,5 милиони посети на сајтот и неверојатни 700.000 долари приходи од над 60.000 продадени продукти. Стартапот го таргетира турскиот пазар за ентериер кој вреди 38 милијарди долари.
- Boomeranked е стартап базиран во Франција кој е вид на персонален сајт за добивање на критики и пофалби. Сервисот е намент за луѓе кои сакаат да добијат мислење за себе од пријатели или од анонимни корисници со цел да се подобрат во однесувањето, во облекувањето или во физичкиот изглед. Но, освен од индивидуалните корисници, може да се користи и од бизнисите да добиваат фидбек од корисниците за услуги. Во моментов е во приватна бета и ќе стартува следниоит месец.










Ne raboat linkovite na site osven na prviot.