По шест години пораст на продажбата на PC

0 коментари 1 мин. читање

Не е никакво изненадување дека продажбата на компјутери е значително намалена последниве години. Сепак по 6 години пад, за прв пат по 2012 година е забележан пораст на продажбата на десктоп компјутери.

Веста доаѓа од две компании кои работат истражување на пазарите, Gartner и IDC. Според IDC продажбата на компјутери во тримесечјето е порасната за 2,7%, а според Gartner 1,4%. Разликата во бројките е поради броењето на различни уреди.

Така Gartner на пример ги брои десктоп, лаптоп, ноутбук, хибридните уреди како Surface, но не и Chromebook или iPad. IDC не ги брои таблет компјутерите, серверите и хибридните уреди.

Порастот е најзабележителен кај бизнис класата на компјутери. Ова важи главно за лаптоп и ноутбук компјутерите, но и некои од десктоп верзиите забележаа зголемена продажба.

Ова секако е одлична вест за производителите на хардвер, пред се компјутери кои по долго време пад конечно забележаа пораст.

Шест годишниот пад главно е предизвикан од паметните телефони, гејминг конзолите и таблет компјутери. Најголемиот број на корисници кои немаа потреба од компјутер, конечно имаа уреди на кои можеа да сурфаат на интернет или да си ги завршат основните потреби.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед