По повеќе од 10 години Microsoft повторно во фокусот на Европската Унија поради Teams

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Поминаа повеќе од 10 години во кои Microsoft не беше предмет на истрага на Европската Унија. Тоа завршува оваа недела. Европската комисија и формално отвори истрага за тоа дали пакувањето на Teams во Office 365 и Microsoft 365 е во спротивност со европските антимонополски закони.

„Алатките за далечинска комуникација и соработка, како Teams, станаа незаменливи за многу компании во Европа. Затоа мора да бидеме сигурни дека пазарот за овие производи е конкурентен, а бизнисите се слободни да го одберат производот кој е најсоодветен за нивните потреби. Ова е причината поради која отворивме истрага дали пакувањето на алатките за продуктивност на Microsoft со Teams, ги нарушува правилата за конкуренција на ЕУ“

– Маргрете Вестагер, еврокомесарка за конкуренција

Истрагата започнува по поднесена жалба од деловната апликација за текст пораки Slack од 2020 година. Жалбата беше поднесена неколку месеци по почетокот на пандемијата, во период во кој платформата на Microsoft нагло започна да добива нови корисници.

Компанијата го обвини Microsoft дека ги принудил клиентите да го инсталираат Teams и го блокира неговото отстранување. Слична жалба неодамна поднесе и германската компанија за видео-конференциски повици Alfaview. Германската компанија констатира дека практиките на Microsoft да го „пакува“ Teams со останатите производи му дава предност на софтверот.

Microsoft Teams e облак-платформа за колаборација. Алатката доаѓа со текст пораки, видео разговори, споделување на податоци и интеграција со различни апликации. Teams се дистрибуира како дел од Office 365 и Microsoft 365 пакетите. Од 2017 Teams го замени Skype for Business.

Токму дистрибуцијата е најголем проблем за Европската Унија.

Конкретно, Комисијата е загрижена дека Microsoft може да креира предност за Teams преку дистрибуцијата, со тоа што не им дава на клиентите избор дали да го вклучат производот кога ќе се претплатат на нивните пакети за продуктивност и можеби ја ограничиле интероперабилноста помеѓу неговите пакети за продуктивност и понудата на конкурентите.

Практиката може да претставува антиконкурентно врзување или пакување и да ги спречи  другите алатки за комуникација и соработка да бидат конкурентни, на штета на клиентите во Европската економска област (ЕЕА).

Ова не е прв пат Microsoft да биде под истрага во Европа. Во минатото на два пати беше казнет за „пакување“ на дел од софтверот со Windows оперативниот систем. Еднаш тоа беше случај со Internet Explorer, а вториот пат Media Player. Компанијата на крај креираше различна верзија на Windows 7 за Европа, која доаѓаше без Internet Explorer. За нарушување на европските закони за конкуренција Microsoft досега платил казни од 2,2 милијарди евра.

Ако се потврдат обвинувањата компанијата може да биде казнета со максимална казна од 10% од глобалниот промет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk