SimCity конечно ќе може да се игра офлајн, но фановите велат предоцна е

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Премалку и предоцна, велат најголем број од фановите кога дознаа дека SimCity конечно ќе може да се игра и офлајн. Откако играта првпат излезе минатата година во март, веднаш започнаа и проблемите за фановите. За почеток играчите мораа да чекаат половина час да се поврзат со серверите пред воопшто да можат да започнат со играта, играта беше бавна и промените не се одвиваа доволно брзо. По цела година девелоперите Maxis и издавачот ЕА Games им се извиниа на фановите и ја најавија офлајн верзијата. Најавата е дека играта ќе дојде со 10-тата надоградба на играта, но барем засега останува непознато кога ќе се случи ова.

„Да се разбереме веднаш, SimCity offline доаѓа! Сакав да одамна да ги кажам овие зборови.“, вели Патрик Буше од Maxis на својот блог. „Кога ќе излезе сите додатоци кои ги имате ќе ви бидат достапни, било кога, било каде, без потреба од интернет конекција“.

Да бидам искрен можеби ќе бев возбуден за оваа вест доколку дојдеше во првата половина на 2013 година, вака една година подоцна некако не сум премногу заинтересиран што се случува со SimCity.

[youtube]zJx4RZq4Nw4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments