0 коментари 1 мин. читање

По 15 години, Yahoo Answers е целосно згаснат

Во последниве 15 години, многу откачени работи се поставуваат и одговараа на Yahoo Answers – услуга преку која можевте било што да прашате, а и било што да ви биде одговорено од заедницата. За жал, 20 април беше датумот кога престанаа да се поднесуваат нови прашања и одговори, а пред недела дена услугата целосно згасна.

Деновиве, од компанијата потсетуваат дека корисниците имаат време до 30 јуни да ги преземат сите нивни податоци, како листи со сите прашања, одговори и слики кои ги поставувале низ годините. Ова се однесува само за личните податоци, а не и за прашањата и одговорите на останатите корисници.

Повеќе детали околу згаснувањето можете да прочитате тука!

Во меѓувреме, доколку барате слична и повеќе-од одлична алтернатива, проверете ги потенцијалите на Quora!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top