0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Најдобрите македонски програмери имаат шанса да одат на Microsoft Ignite 2016

Семос Едукација организира натпревар на 24-ти септември на кој ќе се бара највештиот ИТ професионалец во Македонија. Најдобрите кои ќе победат на националниот натпревар ќе добијат шанса да одат на Microsoft Ignite 2016 во Чикаго во мај следната годинa. Ignite e голема конференција на Microsoft на која се претставуваат идните технологии.

Може да се пријавите за две категории – ИТ професионалец и програмер – и доколку освоите најмногу поени, како најдобри ќе влезете во големото EMEA финале, односно финале на национални победници од Европа, Среден Исток и Африка. Кој победи во финалето ќе добие шанса да оди во САД, со платено сместување и лет.

Натпреварот е поддржан од LLPA (Leading Learning Partner Association), кое е здружение на тренинг центри од ЕМEA регионот, односно од Европа, Среден Исток и Африка. Семос Едукација е член на мрежата и претставник на Македонија во здружението.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top