3 коментари 2 мин. читање

PlayStation 4 ќе чини околу 400 долари?

Под мотото „Види ја иднината“ Sony  ќе ја претстави новата генерација на PlayStation конзолите. Претставувањето на PlayStation  4 е најавено за 20 февруари и ќе го претрка Microsoft кој исто така наскоро ќе ја презентира Xbox 720 конзолата.

Sony би можеле да ја почнат продажбата на PlayStation 4 во октомври, а новата конзола ќе се фокусира на друштвениот дел од гејмингот, пишува WSJ повикувајќи се на анонимни извори. На новата конзола Sony соработува со IBM, AMD и Toshiba, a прекината е долгогодишната соработка со Nvidia. Во припремата за новата конзола Sony го купи гигантот за гејминг преку облак Gaikai, но засега не е објавено како ќе бидат интегрирани во новата конзола. Тоа што е познато е дека и покрај првичната идеја да ги отстранат оптичките дискови, неквалитетната интернет врска во некои делови од светот и габаритот на игрите ги премислија, па засега PlayStation доаѓа со оптички дискови.

Гласините за хардверот на конзолата засега зборуваат дека Orbis ќе доаѓа без А10 – Cell процесорите,  8 до 16 GB RAM и харддискови од 256GB. Игритет ќе се играат на резолуција 1080р и 60 fps и тоа со 3D подршка. Покрај Blu-ray, конзолата несомнено ќе доаѓа со стандардните HDMI Ethernet и Wi-Fi приклучоци. Овие податоци не се совпаѓаат со податоците до кои дојде Kotaku кој објавија дека како замена на А10 Sony ќе го користи  4x Dual-Core AMD64 “Bulldozer” и AMD Р10хх GPU.  Сигурно дополнителнo внимание ќе привлече и новиот контролер, за кој сепак ќе мора да почекаме до 20 февруари да видиме што смислиле во Sony.

Цената на уредот засега е непозната, но се зборува за конзола која ќе биде достапна за сите, но некои од новите гласини  зборуваат и за конзола која ќе чини околу 426 долари.

[youtube]d-3GMHIgR-U[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top