Читање електронски книги знае да биде и попрактично, но и поевтино хоби. Но, политиката за враќање книги на Amazon им дозволува на морално оперираните читатели да го направат читањето книги и бесплатно. Бројни видеа на TikTok објаснуваат како можете да „купите“ книга, да ја прочитате и во наредните две недели да ја вратите, a, со тоа, и да си ги повратите парите.
Овие видеа на TikTok се до тој степен популарни да се прегледни над 17 милиони пати. Како резултат, многу писатели реагираат дека политиката за враќање електронски книги значително се злоупотребува. Бројни писатели и читатели кои сакаат да ги поддржат писателите веќе дадоа над 45000 потписи за петицијата на change.org која бара од Amazon или политиката за враќање да стапи на сила само кога некој по грешка купи книга, или само кога ќе се прочита 10%, или пак само во првите 48 часа. Ова е ставот и на оштеството на авторите, како и на синдикатот на писателите.
Бројни писатели решија дополнително да реагираат и да го искажат нивниот револт во коментари. Еден писател тврди дека неговата книга била вратена над 100 пати во март, што е 10 пати повеќе јануари, пред горе-споменатите видеа на TikTok да станат вирални. Писателката Џанет Винтерсон, авторот зад книгата „Портокалите не се единственото овошје“, се изјасни дека е „исклучително тешко да се знае како да преживеат писателите и дали и тие (писателите) треба да го направат она што испорачувачите на Amazon го прават?“ Ијан Ранкин, авторот зад книгите со Испекторот Ребус вели дека е „згаден и дека на писателите и онака им е тешко да печалат пари. Ако некој може да ја ви ја чита книгата без да ја плати, вие тонете!“.
Останува да се види дали и како Amazon ќе реагира на целата ситуација.