Popcorn, апликацијата за стримање пиратирани филмови, која беше наречена како „Netflix на пиратите“, викендов беше повлечена и недостапна бидејќи нејзините креатори не сакаа да бидат гонети за прекршување на авторските права. Но, по само неколку денови апликацијата е повторно достапна, овој пат благодарение на заедницата на YTS (поранешен YIFI) кои го презедоа нејзиниот развој, пишува Torrentfreak. Разликата од првичниот развивач и заедницата на YTS e што вториот е веќе сајт кој споделува пиратска содржина, и сај од кој првичната верзија на Popcorn ги преземаше торентите за стримање.
„Тимот на YTS ќе го продолжи Popcorn Time проектот. Ние сме во подобра положба кога се во прашање авторските права, бидејќи апликацијата е креирана со нашето API, слично е како да додадеме уште еден интерфејс на нашиот вебсајт. Одржувањето на проектот не, нѐ става во полоша позиција отколку оваа во која сега се наоѓаме, споделувајќи ги филмовите“, објаснува девелоперот.
Popcorn Time е апликација која е вистински кошмар за филмската индустрија, бидејќи претставува нов чекор во пиратството, чекор со кој пиратите започнуваат да се однесуваат како остатокот на интернет и креираат одлични кориснички искуства. Корисникот треба само да ја преземе апликацијата, а потоа преку софтверот кој има супер едноставен интерфејс да ги пушти филмовите. Popcorn Time сега е со отворен код, а што се однесува до авторските права апликацијата не хостира содржина, туку само презема содржина која веќе постои.
Новата верзија на Popcorn не само што овозможува продолжување на апликацијата, туку е и подобрена во однос на претходникот. Верзијата 0.2.7 со помош на trakt.tv сега има повеќе податоци за филмовите, како слики, содржини и времетраење на филмот. Апликацијата заедно со изворниот код е достапна за преземање на Github.
Креаторите на апликацијата кои доаѓаат од Аргентина ја обвинуваат филмската индустрија за поставување на престроги услови за стримување на филмовите: „Провајдерите на стримовите мислат дека – There’s is Something About Mary е нов филм. Филмот е доволно стар за да добие право на глас овде.“








Brief Clarification: YTS is not taking over, and is in no way affiliated with Popcorn Time. This has been misreported on and caused much confusion for many users, for which we apologise.
фала за забелешката. Поправено е. :)