Office Lens е нова Windows Phone апликација која овозможува да се искористи камерата на телефонот за креирање на пoтсетници во сега-бесплатниот OneNote. Апликацијата овозможува фотографирање на слики, документи или табли и нивно зачувување на OneDrive за понатамошно користење.
Но, тоа што ја прави Office Lens одлична е што ги препознава рабовите на објектите кои се фотографираат, па соодветно ја уредува фотографијата. Доколку фотографијата е сликана под агол апликацијата ќе го поправи и ќе го направи текстот полесен за читање. Бидејќи е апликација на Microsoft, скенираната фотографијата се споделува на OneDrive, и потоа во OneNote. Едитирањето е поделено на 3 различни модели, табла – го отстранува одблесокот и сенките; документ – го избиструва текстот и го прави полесен за читање или фотографски – овозможува сликање на луѓе и околина. Доколку фотографијата содржи текст OneNote десктоп верзијата може да го препознае текстот и ќе овозможи пребарување или промена на текст. Office Lens овозможува и уредување на фотографиите кои се сликани пред да ја инсталирате апликацијата.
[youtube]Rz6z–rpXOk[/youtube]







