0 коментари 2 мин. читање 26 јануари, 2015

Пиратите го претставија новиот европски закон за авторски права

Новиот европски предлог-закон за авторски права, кој е изработен од претставникот на германската Партија на пиратите, Џулија Реда, е завршен и е достапен за разгледување.

Тоа што е интересно за законот, составен од пиратите, е што се препорачува унифицирање на отстапките за авторски права, односно она што е дозволено во една држава да биде дозволено во сите. Ова ќе овозможи еднакви права за граѓаните во Европа, но и доколку нешто не е прекршок во една земја-членка, ќе биде избегната граѓаните да прават прекршок штом ја поминат границата и влезат во друга земја каде ова е забрането, објаснува Boingboing.

Предлогот предвидува и скусување на времето кое трае патентот на максимални 50 години од смртта на авторот, со што би се избегнале вечните продолжувања на авторските права. Конечно се предвидува и изедначување на правата на традиционалните и дигиталните медиуми. Барање на комисијата е цитатите да бидат проширени и на аудио-видео содржини. Се предвидува и дека фотографиите од јавни места, анализи на текстови или развој на технологија не треба да бидат опфатени со авторски права.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top