Facebook Messenger за десктоп? Moжеби наскоро

Facebook размислува за креирање на десктоп апликација Facebook Messenger, што доаѓа по барање на корисниците. Ова е едно од најчестите барање за тимот зад мобилната апликација. „Добиваме многу барања од корисниците и од вработените во Facebook да креираме десктоп верзија. Мислам дека треба да направиме многу за апликацијата да биде достапна на десктоп. Не знам дали ќе направиме десктоп апликација, но ова е барање кое често го добиваме“, вели Дејвид Маркус, заменик претседател на Facebook Messenger, за The Next Web.

За сега нема притисок да се прават пари од Messenger, ниту тимот планира во скоро време да го направи ова, но за почеток им е поважно да ја направат најдобрата апликација за испраќање на пораки. По ова тимот може да размислува на монетаризирање на платформата. Сепак изгледа дека Facebook размислува за додавање на платени содржини кои корисниците би можеле да си ги докупат, пример најразлични стикери.

„Во Азија има полно апликации за испраќање пораки кои се финансираат преку продажба на содржини, значи ова е едно од можните решенија. Во други делови на Азија се овозможува трговија на платформата. Има куп различни репенија за кои размислуваме“, додава г.Маркус.

Сепак новитет кој најверојатно ќе биде додаден на Messenger е интегриран сервис за трансфер на пари, односно исплати. Компанијата нема да креира сопствено решение, туку ќе интегрира некое од постоечките, со оглед на тоа дека г. Маркус доаѓа од PayPal, нема да биде изненадување токму PayPal да биде избраниот партнер. Кој и да е партнерот за интегриран сервис за исплата ќе мора да понуди едноставен начин на плаќање, кој ќе биде на сите Facebook платформи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments