0 коментари 2 мин. читање 28 февруари, 2013

Пиратеријата е добра за Game of Thrones, вели режисерот Петрарка

Game of Thrones со 4,3 милиони симнувања беше најпиратираната телевизиска серија минатата година. Но, иако Холивуд знае да паничи кога се работи за нелегалните симнувања, според режисерот Дејвид Петрарка, пиратеријата може само да помогне околу популарноста.

Г. Петрарка вели, за австралискиот Sunday Morning Herald, дека телевизиските серии опстојуваат и профитираат благодарение на „џевата“ што ја креираат. Тука пиратеријата помага бидејќи пиратите, кои се гладни конзументи за секаква популарна содржина, само го популаризираат тоа шоу кое потоа привлекува поголема публика или, во примерот на Game of Thrones, претплати на HBO.

Но, пиратеријата сама по себе е загатка. Од една страна фановите ја пиратираат содржината до која не можат да пристапат бидејќи во различни земји премиерите доцнат или пак содржината воопшто не доаѓа. Но, таквата содржина која се пиратира веќе е популарна ширум светот, или барем во САД. Пиратите можеби само ја промовираат на локално ниво. Но, ако ја нема таа содржина локално, тогаш како ќе има нови претплатници на шоута?

[youtube]RzI9v_B4sxw[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top