0 коментари 1 мин. читање

Импресивниот контролер со движења Leap Motion ќе чини само 80 долари

Leap Motion е контролер кој е најсличен на Kinect на Microsoft, но според неговите креатори, тој е дури 200 пати поосетлив од конкуренцијата и што е поважно ќе биде далеку поевтин, односно ќе може да се купи за само 80 долари. Контролерот ќе дебитира истовремено за Windows 7, Windows 8, но и за Mac OS 10.7 односно 10.8. Веќе се изработени апликации за негова интеграција во Autodesk и Corel, а контролерот може да се користи и за некои видео игри. Се очекува наскоро контролерот да добие уште повеќе апликации, со оглед на тоа дека 40.000 девелопери покажале интерес за Leap Motion.

Новиот и револуционерен контролер Leap Motion ќе чини 80 долари, а нарачките од претпродажбата ќе почнат да се испорачуваат на 13-ти мај. Од 19 уредот ќе се појави  и во продавниците во САД.

„Убедени сме дека ова е иднината на интеракцијата на луѓето со компјутерите, очекуваме да има многу различни решенија кои ќе ги решаваат различните проблеми.”, вели Leap Motion.

[youtube]_d6KuiuteIA[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top