Pinterest со несигурна правна иднина

Pinterest, еден од најбрзо проширувачките интернет сервиси во историјата на интернетот и човештвото… и целата галаксија, можно е да ги крши авторските права на изворните автори. Иако беше лансиран пред 6 месеци, Pinterest веќе има 10 милиони месечни посетители, од кои повеќето припадници на женскиот пол.

Откога стигна неколку чекори под Facebook и Tumblr, во однос на колку време потрошуваат корисниците месечно на интернет страната, започна да се поставува прашањето околу авторските права на огромниот бројна слики што се споделуваат преку Pinterest. Иако Pinterest јавно бара од своите корисници да не поставуваат слики за кои немаат авторски права или авторска дозвола, тоа правило во овој случај воопшто не се спроведува. Тука доаѓа проблемот, зошто Pinterest нема систем кај што може да ги одстранува фотографиите со авторски права како на пример што Google YouTube прави со видеата кои се заштитени со авторски права.

Во однос на американските авторски права, за Pinterest да може да продолжи легално да поставува фотографии, поточно неговите корисници да можат легално да се активни преку нивната интернет страна, треба да се задоволат некои правила на фер користење, пишува Business Insider.

За Pinterest, можно е нивната правна иднина да е доста нестабилна, но тоа останува на американските судови да го решат, а ние во меѓувреме да си пинуваме слики.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk