Британски хакер кој го проби Facebook доби 8 месеци затвор

12 коментари 1 мин. читање

Глен Мангхам, 26 години, призна пред британскиот суд дека го инфилтрирал Facebook од домот на неговите родители. Мангахам со своите активности предизвика страв од индустриска шпионажа за пробивањето на Facebook. Aмериканските власти подигнаа паника за целиот случај, и типично за британските судови, хакерот доби казна затвор, која најверојатно служи како пример за сите други кои ќе се обидат за таква активност.

Мангхам, кој е студент за развивање на софтвер, вели дека предходно им помогнал на Yahoo да го подобрат својот пребарувач во однос на зголемување на безбедноста и дека сакал истото тоа да го направи со Facebook. Тој вели дека парите не му биле мотив. На тоа обвинителот возврати со тврдење дека неговите постапки покажувале решителност, софистицираност и тоа дека биле со умисла.

После целокупната цена од 200.000 долари што Facebook ја потроши на целата оваа драма, и затворската казна што сега Мангхам ќе мора да ја одлежи, очигледно е дека друштвената мрежа не сакаат хакерите да им се играат со нивниот код. Според Facebook, последиците од активностите на Мангахам биле со потенцијал да го уништат целиот бизнис на мрежата.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

12 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед