Pinterest, една од најпопуларните друштвени мрежи за се што е кул, конечно ќе дозволи да се отвараат бизнис профили. Оваа две години стара мрежа стана неверојатно популарна пред се кај женската публика (85%) бидејќи им дозволи на корисниците лесно да споделуваат убави слики и видеа. Благодарение на својата конзумерска природа, Pinterest стана неверојатна популарна мрежа со сега над 23 милиони корисници.
Тоа што ќе биде многу важно за бизнисите е што Pinterest во своето кратко време стана порелевантна мрежа од Facebook за потрошувачите, и генерира повеќе сообраќај кон сајтовите од Twitter.
За разлика од Facebook каде е потребен профил за креирање фан стран, компаниите ќе можат да отворат свој уникатен профил со името на компанијата, кој ќе го потврдат со код внесен на сајтот. Штом ќе се потврди кодот, ќе биде споделен верификациски имејл за потврдување на профилот. Вака компаниите ќе имаат верификуван профил. Компаниите пак кои имаат веќе отворено профили како личност ќе имаат шанса да го претворат во бизнис профил.
Pinterest сега им сугерира на бизнисите да додадат Pin it копче на својот веб сајт, што од една страна ќе им ја зголеми популарноста на компаниите преку споделувањето на содржина, и во исто време ќе го истакне Pinterest како конкурентна друштвена мрежа.








