По првичниот бум во популарност, Pinterest, друштвената мрежа за споделување интересни фотографии и видеа, беше критикувана бидејќи ги искористува сервисите од каде што корисниците земаат содржина. Некои како Flickr дури се заканија со тужби и побараа нивните фотографии да бидат отстранети.
За да справат со идни такви проблеми за авторски права, Pinterest во мај додаде линкови на споделената содржина кои водат назад до сервисот од кој што е споделена, поточно линк до сајтови како Youtube, Behance, Vimeo и Flickr. A сега Pinterest реши да ја продолжи листата на сајтови и додаде линкови за Etsy, 500px, Kickstarter, Slideshare и Soundcloud.
Pinterest најави и дека воведе и функционалност со која може да се стартуваат видеата и презентациите директно од „таблите“ на нивниот сајт.








