0 коментари 1 мин. читање

Phantom Dust римастерот излезе за PC и чини 0 денари

Microsoft го најави римастерот на ексклузивниот Xbox One наслов Phantom Dust уште во 2014 година, но со желба да поминат поевтино, а да задоволат поширока гејмерска популација, таквото нешто беше откажано сè до неделава.

Од 16.мај, Phantom Dust римастерот се испорачува и како Windows 10 игра и, за неверојатната цена од нула денари, може да биде ваша преку Windows продавницата. Ваквиот римејк се одликува со поддршка за 16:9 резолуција, како и подобар фрејмрејт при играњето, а бидејќи е Play Anywhere наслов, ќе можете да ги користите истите сејвови за играње на играта и преку Xbox One и преку PC.

Одличната вест беше споделена од претставникот од Microsoft, Ерон Гринберг преку неговиот Twitter акаунт.

Дополнително, Ерон се изјасни дека таквата промоција не е од временско-чуствителен карактер и дека секој ќе може бесплатно да ужива во римастерот сега и засекогаш. Што се однесува до мрежното играње, Ерон појасни дека играчите ќе можат да купуваат мултиплеер карти, но оние кои не го прават тоа на ниеден начин нема да бидат пенализирани.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top