Најверојатно поголемиот дел од девелопери во текот на работата го посетиле Stack Overflow. Сајтот е извор на куп корисни информации кои ќе им помогнат на програмерите.
Сега Stack Overflow има и мобилна апликација која им овозможува на развивачите да прашаат и најглупави прашања, јави Next Web. Освен прашањата, апликацијата овозможува речиси сè што овозможува веб верзијата. Може да се гласа на одговорите, да се одговара на прашањата или да се коментира. Најверојатно најкорисни се нотификации кои го известуваат корисникот за коментарите.
Stack Overflow app овозможува и креирање на прашањата офлајн, додавање на делови од код или слики.
Апликацијата е достапна на iOS и на Android. Во моментов е надвор од бета и потполно готова е iOS верзијата, а Android верзијата засега е сè уште во бета.







