0 коментари 2 мин. читање 26 јуни, 2018

Пет факти за филмот Tomb Raider

Tomb Raider филмот почна да се прикажува од 2.март 2018 година. 100 милиони долари беа исцедени во напнати 118 минути, а се спечалија нешто повеќе од 273 милиони долари. Ова се пет факти кои можеби не ги знаевте за филмот.

1. Заплетот е заснован на видео играта од 2013 година.

2. Пред да ја доделат улогата на Алисија Викендер, за улогата на Лара скубеа коса актерките Дејзи Ридли, Серша Ронан, Емилија Кларк и Кара Делавигн. Интересно е тоа што водечката улога ѝ беше понудена на Крстин Стјуард, но актерката ја одбила таквата чест.

3. Kафениот, кожен ремен кој го носи Лара Крофт е од стара униформа на британската организација за млади, The Boys’ Brigade.

4. За потребите на улогата, Алисија Викендер ја зголеми мускулатурната маса за 6 килограми, а и за одредени опасни сцени инсистирала таа да ги изведува.

5. Данкан Ерли Џејмс го глуми тренерот на Лара. Во шест наврати, Данкан беше шампион во Thai/ Kickbocks и K-1 борец.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top