0 коментари 2 мин. читање 31 мај, 2012

Пет европски земји се на суд бидејќи не го имплементираа ЕУ законот за веб колачиња

Белгија, Холандија, Полска, Португалија и Словенија ќе се појават пред највисокиот европски суд откако не успеаја да го имплементираат законот за веб колачиња кој беше официјализиран пред една година. Сите останати 22 земји членки го воведа законот, иако некои само минималните барања.

Законот предвидува веб сајтовите да бараат согласност од посетителите за да користат веб колачиња кои го следат корисничкото сурфање. Колачињата се користат за зачувување на сајтот за да не мора да се логирате при секое отварање до следење на корисничките навики за таргетиран маркетинг.

Иако правилата на ЕУ се наменети да ја зачуваат приватноста на корисниците, сепак е проблематичен бидејќи го нарушува корисничкото искуство. Ако го следат законот, сајтовите кои собираат колачиња ќе мора да им објаснат на корисниците зошто го прават тоа, a корисникот ќе мора да се согласи пред да ги ослободи колачињата. Проблемот може да биде што поголемиот дел од корисниците можат да се уплашат и предавањето на едноставна информации кои го олеснуваат и подобруваат сурфањето да го сфатат како нарушување на приватност, што ќе направи проблем за понатамошното користење на веб сервисите и новите стартапи.

Дополнителни потешкотии со законот е што е нејасен за како да се имплементира, и многу сајтови имаат проблем да го направат тоа. Дури и Европската комисија се посрамоти неодамна бидејќи не го почитуваше законот и им инсталираше колачиња на корисниците без нивна дозвола. Но, едно од решенијата на овој проблем со кој се мачат сајтовите доаѓа од Британија која ги промени правилата и им дозволи на сајтовите да претпостават дека корисникот со користење на сајтот се согласува да му се инсталираат колачиња.

Иако иронично, сепак Комисијата решена да ги воведе правилата, па побара од судот да им даде дневни пенали од по десетици илјади евра на сите пет земји за секој заостанат ден се додека не се имплементира законот.

Во Македонија не постои таков закон за колачиња, иако скоро сите сајтови вклучувајќи го IT.com.mk, собираат информации за каквов прелистувач користите, колку време сте на сајтот или за зачувување на лозинката на корисничкото име за форумот, меѓу другото.

[youtube]9hLmX9FX2KA[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top