1 коментар 1 мин. читање 20 октомври, 2021

Пешачете со Eco Pedometer

Eco Pedometer e Android апликација која ви ја препорачуваме доколку секојдневно пешачите или пак ви е потребна правилна мотивација за да започнете со оваа здрава навика.

Eco Pedometer ги брои вашите чекори како и калориите кои ги трошите. Но, апликацијата е добра и за уште една работа. Имено, за секој чекор што ќе направите, добивате повратна информација за количината на неослободен јаглероден диоксид. Па така, според апликацијата, со секои илјада чекори што ќе ги направите, всушност намалувате емисии на јаглерод за 176 г.

Со сервирање вакви податоци, апликацијата, сметаме, врши одлична работа за мотивирање на пешачите. Дополнително, можете да си поставувате дневни цели и да бидете наградувани со достигнувања, односна значки, секојпат кога ќе остварите одредена дневна цел.

Преземете ја апликацијата тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}