Личен термостат, ова е описот кој најверојатно е најсоодветен за Embr Wave. Станува збор за преносен уред креиран од студенти од MIT. Уредот може да го згрее или да го излади корисникот, а дел од корисниците го опишаа како топла шоља чај.
Уредот наликува на алка или на часовник и се носи на зглобот на корисникот. Управувањето е едноставно, со допир од едната страна се загрева, а со допир од другата страна се лади. Според корисниците кои можеа да го тестираат уредот, Embr Wave навистина ја подига или спушта температурата на цело тело, а не само на зглобот кој го носите.
Уредот успешно ја заврши Kickstarter кампања. На 20 дена до крај на кампањата собраа 480.000 долари од 2.252 поддржувачи. За реализација на проектот беа потребни најмалку 100.000 долари. Сега на ред се производството и испораките кои се најавени за јули 2018 година.







