0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2011

Pen.io е минимална блогерска платформа

Доколку сакате да направите блог, a важна ви e само содржината, а не толку изгледот, тогаш платформата Pen.io е вистинскиот избор. Станува збор за платформа која им овозможува на корисниците брзо и ефикасно да креираат содржина, без да мораат да креираат профил, или пак да имаат било какви предзнаења.

За да креирате страница на Pen.io сè уште што треба да направите е да одберете URL име, и да вметнете лозинка. Потоа се појавуваат две полиња, едното е наменето за насловот, додека другото поле е наменето за главниот текст. Оваа платформа, која е далеку од традиционален блог, што нема навигациско мени, линкови, банери, и овозможува само еден пост. Па така текстот што сте го напишале никогаш нема да се изгуби од почетната страница, освен ако не одлучите да напишете нешто ново врз него. За да не се случи ова, можете да отворите нова страница со нов URL.

Pen.io со помош на посебни тагови овозможува во текстот да се вметнат видеа, фотографии, како и дополнителни страници. Уште една интересна работа со Pen.io е тоа што споделувањето на страниците е многу едноставно. Само го копирате URL-то ,кое вие сте го измислиле, и го споделувате каде сакате. Доколку ве интересира за што сè можете да ја искористите оваа платформа, тогаш посетете ја страницата со примери.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top