Pebble паметниот часовник кој е еден од најуспешните краудфандинг проекти, повторно се врати на Kickstarter со својот нов проект Pebble Time. Pebble Time доаѓа со нов интерфејс наречен „timeline“, кој овозможува едноставна проверка на распоредот. Новитет е новиот е-инк дисплеј во боја, а кога е во прашање батеријата од Pebble не прават компромис и часовникот повторно може да функционира 7 дена помеѓу полнењата. Pebble Time како и претходната верзија доаѓа со поддршка за iOS и Android. Уредот во претпродажба на Kickstarter чини 160 долари, а во официјална продажба ќе биде 200 долари.
Изгледа дека Pebble е предодреден да владее со Kickstarter, па откако претходникот успеа да собере 10 милиони долари, Pebble Time без проблем ќе ја надмине оваа сума. Во провите 17 минути проектот стигна до 500.000 долари, 1 милион долари собраа за 30 минути, а во моментов Pebble Time на своја сметка има 6,9 милиони долари од 33.000 подржувачи.