0 коментари 2 мин. читање 10 февруари, 2015

Пазете се од паметните телевизори! Ве слушаат, предупреди Samsung

Наместо да ги затвори безбедносните пропусти во своите уреди, Samsung ги предупреди своите корисници да не разговараат за лични податоци пред нивниот паметен телевизор. Станува збор за сите корисници на Samsung Smart TV кои користат гласовна активација. Иако и самиот Samsung собира купишта податоци за корисниците, за, како што велат, да ја подобрат својата услуга, сепак предупредуваат дека телевизорите не се најбезбедни поради апликации од трети девелопери.

Кога станува збор за трети девелопери Samsung најверојатно мисли на компанијата која го креира препознавањето на говор, но нема детали дали и други апликации можат да го злоупотребат пропустот. Компанијата која го креира овој софтвер е Nuance, објави BBC, чиј сервер пребарува по содржината на гласовните команди испратени до телевизорот. Samsung вели дека сервисот не ги задржува или препродава овие податоци, па останува нејасно зошто е предупредувањето. Не е исклучено дека стравуваат од неовластено прислушување на податоците.

„Паметни уреди поврзани на интернет можат да бидат користени за собирање на куп лични податоци. Можат да биде лоцирани точки на интерест, идентификувани, надгледувани и управувани од далечина преку: идентификација на радио-фреквенција, сензорски мрежи, минијатурни-вгнездени сервери“, вели Генерал Дејвид Патреус поранешен директор на CIA, за Salon.

Samsung во своето објаснување додаде дека сака да овозможи целосна тренспарентност, па корисниците самите да си направат информиран избор, благодарение на сите информации кои им се достапни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top