Доверливи податоци од британската банка HSBC кои ги сподели Херве Фалсијани, покажуваат дека корисниците на банката не само што штеделе, туку добивале и помош да затајуваат данок. Илјадници фудбалери, политичари, актери, сопственици на компании, благодарение на банката избегнувале плаќање данок, јави Guardian, прогласувајќи го протекувањето за најголемо во историјата на банкарството.
Податоците ги „хакираше“ Херве Фалсијани додека работел како ИТ-експерт во HSBC. По ова избега во Франција, но не беше екстрадиран во Британија од страв дека ќе ги објави имињата на илјадници Французи кои избегнувале данок. Според документите, банката ја злоупотребила европската директива за заштеда и наместо да го ислаќа данокот за парите кои пристигале на сметките на корисниците, изнаоѓале начини за негово заобиколување.
HSBC на своите клиенти им овозможиле да избегнат данок во вредност од неколку стотици милиони фунти, јави BBC. Како последица на ова банката се соочува со истражни дејства во САД, Франција, Белгија и Аргентина.
Благодарените на податоците од Херве Фалсијани, LeMonde, Guardian, BBC Panorama и Meѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство и 50 други светски медиуми, започнаа сопствена истрага. Иако податоците им се достапни од 2010 година, властите од разни земји до сега имаат преземено мерки единствено за едно избегнување на данок.
Од HSBC ги признаваат минатите прекршоци, но додаваат дека од тогаш ја промениле својата пракса.







