0 коментари 2 мин. читање 28 април, 2014

PayPal тестира плаќање преку паметните часовници на Samsung

PayPal се обидува да пронајде начин да го олесни плаќањето со безжично плаќање преку паметни часовници. Можеби мало изненадување е што првите прототип модели се во соработка со Samsung, иако веќе подолго време Apple најавува соработка токму со PayPal. Ова сепак можеби и не треба да изненади со оглед на тоа дека Samsung веќе е во втората верзија на Samsung Galaxy Gear. PayPal ја објави оваа технологија на својот блог.

[youtube]41K8b_Kcj1U[/youtube]

PayPal првите тестови ги направи во соработка со Starbucks, каде се поставени првите Bluetooth Low Energy со чија помош се прават и првите трансакции без потреба од кредитни картички или паметни телефони. Освен со часовниците технологијата ќе биде интегрирана и во Gear Fit уредите. Во текот на трансакцијата веднаш се појавуваат слика и името на купувачот на местото на продажба. По завршувањето на трансакцијата купувачот ќе добие известување за плаќањето.

„Започнавме со пилот програмот порано годинава и досега резултатите со одлични… Вработените во PayPal кој ги користеа Beacon и Samsung Galaxy Gear се воодушевени од искуството и се возбудени од можностите за пошироко прифаќање на технологијата“, вели Кети Чуи од PayPal за Fast Company.

Показателите на PayPal покажуваат дека плаќањето со паметни часовници може да се наметне по две години откако ќе се појават посовремени верзии на часовниците. Ова ќе допринесе сите часовници во иднина да доаѓаат со Bluetooth Low Energy сензорите, со што и плаќањето ќе биде овозможено за повеќе корисници.

[youtube]Dy9fv4U3L60[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top