0 коментари 2 мин. читање 28 април, 2014

Аpple нема да брза со нови продукти aко не „се направени добро“

Тим Кук од Apple навести можен нов продукт од компанијата, иако не појасни дали ќе стане збор за најавениот паметен часовник или сосем нов производ. Изјавата доаѓа во период кога добар дел од конкуренцијата се приближува до нивните продукти и речиси сите се прашуваат дали Apple може да ги повтори иновациите на iPhone и iPad.

Директорот на Apple потврди дека компанијата работи на нов продукт, но и дека е потребно време за финализирање на продуктот за тој да биде како што треба.

„Потребно е време да се направи добро. Нашата цел не е да бидеме први, туку да бидеме најдобри. За да се направат навистина добри производи е потребно време. Може да видите многу продукти на пазарот, поради тоа што не се размислувало премногу на нив тие не поминуваат добро на пазарот. Не работиме на премногу производи па затоа работиме на секој детал и овој дел на Apple нема да се промени. Вака работевме со години и вака ќе продолжиме да работиме и понатаму. Имам одлично чувство за продуктите кои доаѓаат. Навистина одлично и побрзо од било кога“, вели Тим Кук во интервју за Wall Street Journal.

Сепак Тим Кук не објави кога ќе излезе паметниот часовник, но потврди дека производот се приближува до официјалното излегување и дека е поблиску од било кога. Тој не пропушти да забележи дека во последната година заработката на акционерите на Apple е порасната за 15 отсто, што е показател дека производите од компанијата поминуваат навистина добро.

[youtube]EZPYLZ7I6gs[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top