Корисни видео и аудио алатки од DVDVideoMedia

Ротација на видео материјали со Free Video Rotator 3

Често се случува снимените видео материјали да не се прикажуваат онака како што треба и или да се наопаку или на страна. Free Video Rotator 3 е мала алатка која живее за отстранување на таквите проблеми. Откако ќе ја преземете алатката, едноставно вметнете го проблематичниот видео клип и кликнувате на Clockwise Rotation копчето се додека клипот не ја заземе правилната положба. Со кликнување на копчето Start се започнува сочувување на исправното видео.

Исфрлање на непотребни делови од видеото со Free Video Cutter Joiner V10.6

Во случај да имате подолги видеа од кои сакате да исфрлите непотребни, здодевни делови, алаткава ќе ви дозволи лесно да дојдете со саканиот резултат. Бидејќи подржува бројни видео формати, како AVI, MPEG, MP4, WMV, 3GP, FLV, првин ќе биде потребно да ги извлечете саканите делови преку Video Cutter прозорецот, а потоа да ги споите истите преку Video Joiner. Сечењето стапува на сила така што првин местите од каде (Start Point) до каде (End Point) да се извлече делот и потоа кликнувате на копчето Cut. За лепење на повеќе такви клипови, го избирате копчето Join, откако ќе ги вметнете сите клипови во прозорецот.

За слична манипулација со mp3 фајлови ја имате на располагање алатката Free MP3 Cutter Joiner V10.8

Видео и аудио конверзија на фајловите со DVDVideoMedia Free Video Converter V2.6

DVDVideoMedia Free Video Converter V2.6 е бесплатно и комплетно софтверско решение за модификација и конверзија на видео и аудио фајлови. Како дел од програмот, ќе можете да намалите, односно скратите одреден фајл преку опциите Crop или Тrip, но доколку сакате да го конвертирате видео клипот од еден во друг формат, како MPEG, AVI, WMV, H.264/AVC, MP4, MOV, FLV, 3GP, RM, DivX, XviD, кликнете на Start и одберете го саканиот формат. Алатката располага и со екстрактор на звук и може лесно да конвертира видео во аудио фајл.

Во случај да барате уште алатки од DVDVideoMedia, би можеле да префрлите DVD на некој од најпознатите формати со DVDVideoMedia Free DVD Ripper V2.6, да поставите текст или графички жиг низ одредено видео со Free Video Watermark Maker V3.0 или пак да ја гледате и слушате вашата видео и аудио колекција со плеерот Total Video Player V8.4.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments