0 коментари 1 мин. читање

Партнерите на Apple работат на 4,7 инчен iPhone; поголемиот 5,5 инчен модел е одложен

Следниот iPhone ќе има огромен екран. Азиските партнери на Apple веќе почнале со масовно производство на 4,7 инчен iPhone 6, пренесува Reuters. Но, 5,5 инчниот iPhone е одложен поради потешкотии со нова технологија за потенки екрани на допир.

Јапонските Display Inc, Sharp Corp и јужнокорејскиот LG Display Co Ltd започнаа со производство на екрани кои ќе бидат поголеми од 4 инчниот екран на претходниот 5S модел, и ќе користат „in-cell touch” панели што ќе овозможи екраните да бидат потенки. Поради новата технологија, Apple наиде на потешкотии со поголемиот 5,5 инчен екран со кој требаше да претстави и модел во категоријата на „фаблети“ за да му конкурира на популарниот Samsung Galaxy Note. Се очекува 4,7 инчниот iPhone да биде објавен на есен, а по неколку месеци би требало да биде објавен и поголемиот модел.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top