До пред недела дена, бизнис симулацијата на Texel Raptor можеше да се игра само на Steam. Се работи за релативно стара игра која во последниве шест години има собрано 94% позитивни рецензии. По се изгледа, има посебна група од гејмери кои се заинтересирани за градење и управување со тематски паркови. Мислејќи дека таква ќе биде ситуацијата и со хардкор конзолашите, играта од неодамна излезе и за конзолите на Sony и Microsoft. Но, дали е едноставно градењето тематски паркови со контролер, како што е едноставно со тастатура и глувче?
Бог во тематски парк
Како што напоменавме, Parkitect: Deluxe Edition е игра чии гејмплеј механики се делат на две категории: градење и управување. Првата категорија подразбира градење, проширување и надградување на бројните аспекти од тематскиот парк за да можете да си ја остварите замислата за идеалната забавна дестинација за вашите посетители. Втората категорија е управување со паркот, водење ред за финансиите, задоволството на гостите, пренасочување ресурси и водење грижа денот да помине во најдобар ред.

Независно од фазата која ја исполнувате, вие ја имате максималната контрола и, откако интимно ќе се запознаете со контролите и начинот на кој функционираат работите, ќе можете да произлезете со тематски парк од вашите соништа. Тоа, меѓутоа, не е лесно. Двојно повеќе бидејќи користите контролер. Иако тимот се има потрудено да ги постави опциите на дофат на вашите прсти сепак се тоа премногу опции, а вие имате премалку прсти. Поради тоа, често е успореното скокање од едно до друго мени, ловење пиксели за да се селектира саканото нешто или пак за да се добие увид во одредена работа.

Од технички аспект, Parkitect: Deluxe Edition се игра значително поспоро на конзолите. Доколку сте во ред со ова, ќе ви се допадне фактот што едицијата за конзолите доаѓа со двата додатоци:
- Parkitect – Taste of Adventure се одликува со 10 нови предизвикувачи левели, 2 нови теми, 8 нови возила и 4 нови продавници
- Parkitect – Booms & Blooms е DLC кое воведува дополнителни возила, звучни ефекти, дрвја, знаменца и огномет

Повеќе детали за играта
- Произведува: Texel Raptor
- Издава: BlitWorks
- Жанр: бизнис симулација
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 3 јули 2022