Paper Ghost Stories: Third Eye Open e авантура со уникатен изглед и впечатлива приказна

Paper Ghost Stories: Third Eye Open e невообичаена авантура од неколку аспекти. Чедото на развојното студио Cellar Vault Games се одликува со уникатен визуелен стил каде ликовите се направени од хартија, алудирајќи на деликатната кршлива природа на луѓето. Дводимензионалниот приказ на ликовите преповеда и за силната моќ на предрасудите и за тоа како ја гледаме само едната страна кај луѓето, игнорирајќи ја нивната деликатната, комплексна длабочина.

Двострано огледало

Ваквото филозофско размислување не би било можно без впечатливата приказна. Да, Paper Ghost Stories: Third Eye Open раскажува надприродна авантура, но голем дел од приказната се фокусира и на бројните семејни и пријателски интеракции, впечатливи разговори кои истакнуваат клучни вредности поврзани со културата и традицијата на малезиското општество. Бројните мини игри се внимателно осмислени за да се создаде емоционална врска помеѓу играчот и ликовите. Оваа врска се користи како основа над која се градат комплексни осноси и, некаде до четвртото поглавје, навистина ќе се грижите за девојчето и ќе сакате да ѝ помогнете да биде сѐ во ред.

Девојчето со кое играте ја поседува моќта да ги гледа и да разговара со бројните духови околу неа. Некои од духовите се пријателски настроени и сакаат да помогнат на девојчето да ги надмине предизвиците пред неа. Некои од духовите, меѓутоа, се водат од скриени агенди и тајни желби за нанесување огромни пакости. На вас е да се движите низ лавиринтот од скриени намери и да излезете како победник на крајот од емоционалното патување.

Како што напоменавме, голем акцент се посветува на истражување на уникатните локации, како и на бројните разговори со останатите луѓе (и духови). Како од некоја книга на Стивен Кинг, играта почнува споро и со голема посвета на светот и ликовите, влечејќи огромна инспирација од малезиски традиционални обичаи, вешто испреплетени со кинески митови. Како поминува времето, така паранормалното зема се повеќе и повеќе замав, втурнувајќи ве во параноични трки против суштествата.

Paper Ghost Stories: Third Eye Open не се одликува само со уникатна визуелна репрезентација, комплексна приказна, и впечатливи мини игри. Ова е игра на кое посебно внимание е посветено и на аудио звуците и деликатната музичка подлога. Со слушалки, Paper Ghost Stories: Third Eye Open е игра која вешто си поигрува со вашите нерви и го издигнува целото искуство на едно значително повисоко ниво. Доколку и понатаму не сте сигурни дали е ова игра за вас, топло препорачуваме да го проверите барем бесплатното демо на Steam.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Cellar Vault Games
  • ИздаваChorus Worldwide Games
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 4 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments