0 коментари 2 мин. читање 6 март, 2017

Папата Францис се вози со електричен автомобил

Папата Францис и досега ги поддржуваше заложбите за подобра животна средина, но сега со уште подобар пример. Новото возило на папата е електричниот Nissan LEAF, јави EcoWatch. Возилото е подарок од германскиот математичар Јохен Вермут. Причина поради која г. Вермут му го подари автомобилот на Папата е поради тоа што сака да го убеди Ватикан да ги поддржи обновливите извори на енергија.

Image courtesy of Wermuth Asset Management / Driwe / Spiegel.de

„Човештвото мора да ја препознае потребата за промена на начинот на живот, производството и потрошувачата за да го намали глобалното затоплување или барем причините за него со кои луѓето придонесуваат“.

Интересно, Папата Франсис можеше да одбере помеѓу Nissan LEAF и Tesla Model S. Причината најверојатно е скромноста, а со оглед на разликата во цената на двете возила, очекувано е што изборот падна на Nissan LEAF. Г. Вермут лично го донесе возилото.

Папата Франсис сепак не е првиот Папа кој се вози во електрично возило. Неговиот претходник Папата Бенедикт доби електричен Renault, Kangoo Z.E.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top